Македонија

Видео: Скара, алкохол, музика – Излетничките места преполни за 1 Мај

Градските улици се испразнија, а излетничките места се наполнија

Градските улици се испразнија, а излетничките места се наполнија. Во весела атмосфера со музика, мезе, скара и пијалок, голем дел од граѓаните се одлучија за 1 Мај – Празникот на трудот, да излезат од Скопје и да го поминат денот надвор од градското урбано јадро. Убавото сончево време ги наполни шумскиот предел кај Кучково, паркот Сарај, Водно и местата околу Матка, Марков Манастир. Телевизија Алфа направи обиколка на некои од излетничките места. Прославата и подготовката за скара почна уште од утринските часови.

„Денеска сме во излетничкото место Кучково, едно од омилените за скопјани кога станува збор за Први мај. Граѓаните доаѓаат во текот на денот, носат сè што е потребно за добар излет – храна, пијалоци и добро расположение. Велат, ова е ден резервиран за дружење и бегство од секојдневните обврски“.

Детскиот џагор и доброто расположение не изостанаа ниту кај најмладите.

По Кучково продолживме во паркот Сарај, каде веќе беше видливо исполнето со граѓани.

„Сега сме во Сарај, уште едно од најпосетените излетнички места за Први мај. И тука сликата е слична, граѓани го користат празникот за одмор, дружење и уживање во природата. Традицијата со скара останува, а за многумина најважно е да се помине денот во добро друштво“.

Имаше и такви кои велат дека овој ден е ист како и секој друг, додека пак за постарите значењето на 1 Мај постепено се губи од година во година. Велат дека порано празникот се одбележувал поинаку, имало повеќе содржини, можности за прошетка и одмор, па дури се празнувало и два дена. Денес, според нив, атмосферата е значително изменета и не наликува на она што некогаш била.

Инаку, Меѓународниот ден на трудот се одбележува во голем број земји ширум светот. Во Македонија, до 2006 година се празнуваше два дена, а денес официјално се одбележува само на 1 мај.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Најнови вести

To top