Македонија

Започна манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија

Манифестација од исклучително значење за меѓународна афирмација на културното наследство на Република Македонија

Започна манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.

Оваа манифестација е исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и високото уметничко творештво на Република Македонија пред европската јавност.

Програмата опфаќа внимателно одбрани содржини од различни области на културата, кои ќе понудат уникатно доживување за публиката.

На 2 мај 2026 година балетот при НУ Национална опера и балет настапи во Антверпен со балетската класика „Лебедово езеро“, со која преку висок уметнички израз и современа сценска естетика се афирмира македонската балетска уметност на меѓународната сцена.

На 4 мај 2026 година, ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески во киносалата Cinema Galeries во Брисел. Ова филмско остварување ја отсликува актуелната продукција и креативниот потенцијал на македонската кинематографија.

На 5 мај 2026 година, НУ Оркестар за џез музика на Република Македонија ќе настапи во култниот културен центар Bozar со енергичен спој на македонска народна музика и современ џез.

До крајот на 2026 година, планирана е и изложба на Теракотни икони од Виница во Европскиот Парламент.

Изложувањето на овие икони, кои претставуваат уникатна археолошка и уметничка појава во ранохристијанската уметност во Европа, е од исклучително значење за меѓународна афирмација на културното наследство на Република Македонија.

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија претставува можност за сите љубители на уметноста да ја почувствуваат автентичната енергија на македонската култура и истата очекуваме дека ќе има значителни афирмативни ефекти за презенација на нашата држава во меѓународен контекст.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Непозната материја се излева во Вардар, инспекциите се на терен

Град Скопје соопшти дека денеска попладнето добил пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби. За ова алармираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку својот официјален фејсбук-профил.

Неисправна вода за пиење и во Дворци, општина Пласница – пронајдени цревни бактерии

Месната заедница на село Дворци, населено место во Општина Пласница, известува дека водата во селото е санитарно неисправна за пиење. Оваа констатација, се додава во соопштението е потврдена со Извештај од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој утврдил дека водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да […]

Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците.

Агенција за храна и ветеринарство: Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба во согласност со документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата – соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев

Муцунски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка, не е одредено кога треба да стапат во сила уставните измени

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е дециден дека протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка, а во разговорите со сите три страни од македонската страна се пренесени ставовите за прашањата поврзани со ризиците од билатерализација на евроинтеграциите.

To top