Македонија

Македонија меѓу првите во регионот ќе добие пристап до „роаминг како дома“ во ЕУ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе и биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на Самитот ЕУ-Западен Балкан којшто ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица. Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома.

Македонија би можела да се најде меѓу првите земји од регионот кои ќе добијат пристап до режимот „роаминг како дома“ во рамки на Европската Унија, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, изразувајќи оптимизам дека процесот за укинување на дополнителните трошоци за мобилни услуги ќе добие конкретен тек во наредниот период.

Според него, очекувањата се насочени кон претстојниот Самит ЕУ–Западен Балкан, кој треба да се одржи на почетокот на јуни во Подгорица, каде што, како што посочи, би можеле да се слушнат позитивни сигнали за старт на формални преговори за воведување на поволниот роаминг режим.

Андоновски појасни дека преговорите со Европската Унија ќе се водат одделно со секоја земја-кандидат и дека новиот модел предвидува склучување посебни договори, слични по карактер на Договорот за стабилизација и асоцијација. Тој нагласи дека земјата веќе има предност бидејќи ги исполнила клучните услови со усвојувањето на Законот за електронски комуникации.

  • Има најава за почеток на преговори што е позитивен сигнал. Преговорите ќе се однесуваат на секоја земја поединечно и промената е таа што ќе се потпише специјален договор слично на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија со секоја од државите кандидати. Позитивно е што ние ги исполнуваме условите со донесувањето на Законот за електронски комуникации и со тоа сме, да речеме, во групата којашто прва ќе почне преговори – изјави денеска Андоновски, кој присуствуваше на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители.

Изјавата Андоновски ја даде за време на учество на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, каде меѓу другото се дискутираше и за дигиталните политики и регулативи во регионот.

Најнови вести од: Македонија

УНИБанка: Максимален принос за минимално време – депозит на 6 месеци, камата 2%

УНИБанка со нова понуда за штедење во евра. Изберете рочност која ви одговара и започнете да заработувате од вашите слободни средства. „Депозит Фикс во евра“ со кратки рочности од 3, 6 или 12 месеци и атрактивна каматна стапка до 2,10%

To top