Македонија

Јанев: Кога полицијата стои цврсто, државата стои исправено, таа е посилна од агресивните криминални групи и се бори системски и бескомпромисно против нив!

-Криминалот е технолошки напреден, приспособлив и агресивен. Се обидува да навлезе во сите делови на самиот систем, да ја поткопа довербата и да ја ослаби силата на институциите. Нашата порака е јасна: државата е посилна. Водиме одлучна, системска и бескомпромисна борба против криминалните групи во сите области. Системски дејствуваме врз нивните структури, врски, нивната логистика и нивниот капитал. Никој не е над законот, потенцираше директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев на централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.


Јанев истакна дека денеска не одбележуваат само професија, туку ја потврдуваат нивната должност да се служи кон граѓаните, државата и довербата која им ја даваат. Како што рече, македонската полиција е позиционирана рамо до рамо со светските полиции и придонесува за стабилност не само на регионот, туку и пошироко.


Во своето обраќање тој посочи дека ова е професија што бара одлуки тогаш кога е најтешко, професија што значи служба секој ден со чест, одговорност и без компромис. Додаде и дека живееме во време на сложени и безбедносни предизвици.

Јанев нагласи дека силна полиција се гради со визија, а тие како институција градат полиција што ќе предивидува ситуации, инвестираат во модернизација, воведување нови алатки и современи системи и технологии. -Најсилното оружје на полицијата е обучениот, стабилен, чесен и професионален полициски службеник. Технологијата помага, опремата поддржува, но човекот е тој што ја носи одлуката, ја превзема одговорноста ја брани довербата, посочи Јанев.


Како што рече, македонската полиција е позиционирана рамо до рамо со светските полиции и придонесува за стабилност не само на регионот, туку и пошироко.

-Нашата служба е силна мисија, мисија да служиме, обезбедиме, заштитиме. Да има ред, правда и одговорност. Кога полицијата стои цврсто, државата стои исправено, потенцираше директорот на Бирото за јавна безбедност.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top