Македонија

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно готов до крајот на 2026 – Имавме попречување од финансиерот на објектот!

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

– Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт – рече Николоски во гостување во поткастот „Ноќно студио“. Активната работа на терен, додаде тој, почнала дури од октомври 2024 година.

Николоски посочи дека за година и половина се реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период. Тој потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на „Ексим Банка.


– Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската „Ексим Банка“. Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи 175 милиони евра и бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа, заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата – истакна Николоски.

Во врска на цената, тој нагласи дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар. Според Николоски, тоа го прави како сè уште г најефтиниот автопат, што моментно се гради во Македонија и во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Филипче се „надмина“: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени, a а тој да биде „персона нон грата“?!

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај – Денот на Европа упати „критики до власта“ дека ја „држи државата изолирана од Европа“ и побара да се направат уставни измени, „за да почнат преговорите за членство во Европската унија“.

Мицкоски: Не смееме да дозволиме да се заборави подвигот на загинатите борци! Нашите претци беа на вистинската страна на историјата, за разлика од окупаторите-„администратори“!

„Денес стоиме исправени пред историјата. Пред ден кој не е само датум во календарот, туку ден врежан во совеста на човештвото. Ден на победата над фашизмот. Ден кога светот покажа дека злото може да биде поразено, дека тиранијата не е вечна и дека слободата секогаш ја наоѓа својата сила во народите кои не се предаваат. Ние, Македонците, многу добро ја разбираме цената на слободата. Нашата историја не е историја на покорување, туку историја на отпор. Историја на луѓе кои, и кога биле малубројни, знаеле да бидат големи. Историја на генерации кои ја чувале идејата за своја држава, свој јазик, свој идентитет и свое достоинство.“ – порача и преку својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по денешното одбележување на 9 мај, Денот на победата над фашизмот, кое се совпаѓа денес и со одбележувањето на Денот на Европа.

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија, со кои ќе одиме напред, но никогаш нема да правам пазар со идентитетот!

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци. Но, тој повтори дека „пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да прави“.

Костадиновски: Не може да пропадне приватна компанија, за да земе некој плата во јавно претпријатие!

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски синоќа во гостувањето кај ТВ21 за предметот поврзан со долговите на јавните претпријатија  предупреди дека можната  одлука би имала сериозни последици врз државниот систем и економијата. – Последиците од нашата евентуална одлука можат да бидат катастрофални, дури и од катаклизмични размери, бидејќи долговите на јавните претпријатија се околу една милијарда евра – истакна Костадиновски.

Владата на Македонија ќе го одбележи 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Најнови вести

To top