Македонија

Бившиот шеф на кабинетот на Зеленски, Јермак, осомничен за перење пари

„Десната рака“ на украинскиот претседател од 2020 до 2025 година се соочува со казна од 8 до 12 години затвор

Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САП) објавија дека на Андриј Јермак, поранешен шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, му е доставено официјално известување дека е осомничен во истрага за перење пари од приближно 460 милиони гривни (околу 14,5 милиони евра).

Според НАБУ и САП, истрагата се однесува на организирана група осомничена за перење пари преку градежни проекти.

Јермак е обвинет според член од украинскиот Кривичен законик што се однесува на перење пари во големи размери и легализација на имот стекнат преку криминална активност.

За овие кривични дела се предвидува затворска казна од 8 до 12 години со конфискација на имот, пренесува „Укринформ“.

Случајот е дел од пошироката операција „Мидас“, започната кон крајот на 2025 година поради сомневања за корупција во енергетскиот сектор и влијание врз државните претпријатија, вклучувајќи го и „Енергоатом“.

Истрагата претходно вклучуваше осомничени, меѓу кои и одредени бизнисмени и поранешни функционери поврзани со енергетскиот сектор, додека некои од осомничените ја напуштија Украина и по нив е издадена меѓународна потерница.

Најнови вести од: Македонија

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

To top