
Шефот на НАТО, Марк Руте, ги повика трите земји од БРИКС да „се јават по телефон“ кај рускиот претседател Владимир Путин за да ја запре војната во Украина – или да се соочат со секундарни санкции од САД.
Руте го даде коментарот за време на средбата со сенатори во САД.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика Кина, Бразил и Индија да извршат притисок врз Русија или ќе бидат погодени од американските санкции.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе „многу строги царини“ против Русија ако не се постигне договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.
Трамп, исто така, се закани со секундарни царини од 100% за земјите што купуваат руски извоз.
Трамп ги заострува царините за Русија и нејзините трговски партнери
Што рече Руте за Индија, Бразил и Кина?
За време на средбата со сенатори во САД, Руте рече дека е сигурен дека овие земји, особено Кина, ќе бидат „многу корисни“ во вршењето притисок врз Русија.
„Моето охрабрување до овие три земји, особено е дека ако сега живеете во Пекинг или во Делхи или сте претседател на Бразил, можеби ќе сакате да го разгледате ова, бидејќи ова може многу да ве погоди“, им рече Руте на новинарите.
„Затоа, ве молам, јавете му се на Владимир Путин и кажете му дека мора сериозно да се занимава со мировните преговори, бидејќи во спротивно ова ќе се врати на Бразил, на Индија и на Кина на огромен начин“, додаде Руте.
Во одговорот од министерството за надворешни работи на Индија од Руте се бара да не користи двојни стандарди. Официјален Њу Делхи смета дека ако може ЕУ се уште да набавува руски гас за себе тоа можат да го прават и други земји.
„Нашата енергетска безбедност е наш врвен приоритет, водена од глобалните реалности. Силно предупредуваме на двојни стандарди“
Индија го отфрла притисокот од Западот и заканата од царини. Без предавања.. Без компромиси”, се вели во одговорот на Индија до Руте.
Зошто Индија, Бразил и Кина?
Трите земји сочинуваат огромно мнозинство од енергетската трговија на Москва. И заедно со Јужна Африка, тие се основните нации на алијансата БРИКС.
Трамп веќе вети повисоки царини за земјите од БРИКС кои се усогласуваат со плановите на блокот да ја оспори американската хегемонија.
Дури и пред објавувањето на Трамп за секундарни царини претходно оваа недела, американските пратеници работеа на двопартиски закон за уште построги санкции.
Законодавството на САД бара царина од 500% за стоки увезени од земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта, гас, ураниум и други производи од извоз.