Македонија

(Фото): Претставници од реномираниот универзитет „Абдулах Ѓул“ од Турција на гости во Скопје

Средбата помина во исклучително позитивна и конструктивна атмосфера, трасирајќи го патот за идни заеднички иницијативи. Локалната координација и поддршка за реализација на оваа посета беа овозможени од страна на Центарот за рурален развој во Југоисточна Европа и експертот за развој и меѓународна соработка, Бошко Нелкоски.

Општина Кисела Вода денес беше домаќин на висока делегација од Република Турција, предводена од проф. д-р Бора Акинџе од реномираниот Универзитет „Абдулах Ѓул“, препознаен како еден од најодржливите универзитети во светот. Оваа значајна посета, посветена на одржливоста, иновациите и развојот на нови меѓународни партнерства, претставува важен чекор кон зацврстување на билатералната и институционалната соработка.

Во составот на делегацијата присуствуваа и високи претставници од Метрополитен општина Кајсери, регионалната развојна агенција, како и други значајни институционални партнери од Турција.

На работната средба, градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска, заедно со гостите отворија суштински прашања поврзани со одржливиот локален развој, унапредувањето на образовната соработка, како и можностите за заедничко аплицирање и имплементација на европски проекти.

  • Општина Кисела Вода континуирано прераснува во модерна и отворена општина која ги следи светските трендови за одржливост и иновации. Денешната средба со нашите пријатели и еминентни стручњаци од Република Турција е силна потврда за нашата посветеност кон креирање на стратешки меѓународни партнерства. Размената на искуства со институции кои се глобални лидери во одржливиот развој, како што е Универзитетот ‘Абдулах Ѓул’, ни дава нови перспективи и отвора врати за имплементација на напредни европски практики на локално ниво. Остануваме максимално посветени на иницијативи кои носат реален напредок, прогресивни идеи и пред сè, создаваат нови можности за просперитет на нашите млади-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Средбата помина во исклучително позитивна и конструктивна атмосфера, трасирајќи го патот за идни заеднички иницијативи. Локалната координација и поддршка за реализација на оваа посета беа овозможени од страна на Центарот за рурален развој во Југоисточна Европа и експертот за развој и меѓународна соработка, Бошко Нелкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top