Скопскиот градоначаник Орце Ѓорѓиевски објави дека само за две недели е пробиена речиси целата траса од булеварот „Борис Трајковски“.
„Она што со години го кочеа и го претставуваа како невозможно, го решаваме со работа, волја и резултати.
Нема невозможни мисии. Има само луѓе без волја да работат.
Наскоро, повеќе од 100.000 граѓани ќе возат по нов, модерен и функционален булевар.
Скопје се менува. Со дела“, порача Ѓорѓиевски во објавата на социјалните мрежи заедно со видео.