Македонија

Од петок влезници за David Guetta – The Monolith Show

Од Avalon International Booking информираат дека влезниците ќе бидат достапни исклучиво преку платформата avalonbooking.mk

Познати се сите информации околу влезниците за големиот отворен настан David Guetta – The Monolith Show, кој ќе се одржи на 8 септември во арената „Тодор Проески“ во Скопје, како дел од прославата по повод 35 години независност на Македонија.

Од Avalon International Booking информираат дека влезниците ќе бидат достапни од петок, 15 мај, исклучиво преку платформата avalonbooking.mk.

Според најавата, сите влезници ќе чинат 35 денари, а публиката ќе може да избира меѓу влезници за стоење и за седење на трибините. За трибините седиштата ќе бидат нумерирани, па при купувањето ќе биде потребно да се избере конкретно место. Делот за стоење нема да биде нумериран.

Организаторите посочуваат дека капацитетот на стадионот е ограничен и апелираат заинтересираните да бидат брзи при набавката на влезници.

Настанот беше најавен како едно од најголемите музички случувања оваа година во Македонија, со настап на светски познатиот диџеј и продуцент David Guetta, кој во Скопје ќе го донесе спектакуларниот концепт The Monolith Show.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top