Македонија

Сиљановска-Давкова: Почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Претседателката Гордана
Сиљановска-Давкова на отворањето на Народната канцеларија означи почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните.

Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот.

Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, Сиљановска-Давкова истакна дека „канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува институциите и заедницата и ќе придонесува за зајакнување на демократската култура“.

За Сиљановска-Давкова, возобновувањето на Народната канцеларија е резултат на домашните искуства и потреби, но идејата е инспирирана од практиката во САД.

Целта е да се создаде достапен простор во срцето на градот, каде што секој граѓанин ќе може слободно да дојде, да побара помош, да постави прашање, да предложи иницијатива, или да упати критика.

Во Народната канцеларија таа препознава отворено демократско катче за сите: за граѓаните, невладините организации, средношколците, студентите, пензионерите, а особено за младите кои сакаат да ги искажат своите таленти и знаења.

Повикувајќи на силен граѓански активизам, претседателката укажа дека просторот ќе биде достапен за организирање на трибини, едукативни настани, младински и волонтерски иницијативи, културни и хуманитарни проекти.

Со цел институцијата Претседател да биде подостапна и поблиска до граѓаните низ целата земја, Сиљановска-Давкова ја искажа намерата вакви народни канцеларии да бидат отворени и во други градови низ државата.

Воедно, таа се заблагодари на Националниот младински совет на Македонија за досегашната работа, посакувајќи успешна соработка во идина.

По поздравното обраќање, претседателката оствари средба со граѓани меѓу кои активисти во различни области, доктори, професори, спортисти, студенти, волонтери, како и лицa со оштетен вид.

Тие ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат; споделија успешни професионални приказни; дадоа предлози и иницијативи за подобрување на здравствените услуги; побараа поддршка за реализација на општокорисни активности; упатија покани до претседателката за присуство на настани и ги разгледаа можностите за соработка со Кабинетот, стои во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците

Нов корупциски скандал: Претседател на суд и судски администратор барале и примиле поткуп од 8 илјади евра, за да интервенираат кај судија во Гостивар!

Предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Осомничените, како што информира ОЈО, од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејство, што не би смеело да се изврши.

Ѓорѓиевски по повод повторно отворената Народна канцеларија на претседателот на Македонија: Институциите мора да бидат блиску до народот!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира преку објава на општествените мрежи дека е отворена повторно Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во центарот на Скопје. Тој посочи дека на покана на претседателката Гордана Силјановска Давкова присуствувал на отворањето на канцеларијата, која, како што наведе, претставува важен чекор кон поотворени институции и директна комуникација со граѓаните.

Сиљановска Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани!

„Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани.“ – истакна денеска претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“.

To top