Хроника

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, мајката од село Конче го родила во дворот

МВР

Во Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип, утринава, во 4.24 часот, од вработените во Клиничката болница – Штип било пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата 25-годишна мајка Ѓ. У. од село Конче, Радовишко, го родила во домот.

– Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничката болница – Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг, 33-годишниот К. У. од село Конче, при што било утврдено дека околу 2 часот Ѓ. У. добила породилни болки и се породила во дворот – соопштуваат од СВР Штип.

Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Најнови вести од: Хроника

250 евра казна за родител на дете предизвикувач на врсничко насилство

250 евра казна за секој родител на дете кое се однесува насилно во училиште но и за родители кои не сакаат да соработуваат со училиштата или со другите институции. Ова ќе биде опфатено во новите измени на Законот за основно образование кој го најави министерката за образование и наука Весна Јаневска по последните случувања на врсничко насилство во училиштата низ Македонија.

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, ќе уследат соодветни кривични пријави

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со возило. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, тројца од нив предизвикале сообраќајни незгоди, 12 управувале возила без возачка дозвола, а еден возел под дејство на алкохол.

To top