Бизнис

Владата ги продолжи економските мерки до 1 јуни – Финансии најави нова заштита за стандардот на граѓаните

Од Владата посочуваат дека продолжувањето на мерките има цел да ги амортизира економските удари врз домаќинствата и компаниите, особено во услови на нестабилни цени на енергенсите и глобални економски неизвесности.

Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, мерките претставуваат одговор на економските предизвици и нестабилностите на меѓународните пазари на енергенси, со кои во моментов се соочуваат голем број држави.

  • „Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи.

Од Владата посочуваат дека продолжувањето на мерките има цел да ги амортизира економските удари врз домаќинствата и компаниите, особено во услови на нестабилни цени на енергенсите и глобални економски неизвесности.

Засега не се соопштени дополнителни детали кои конкретни мерки остануваат во сила, но институциите најавуваат дека приоритет останува заштитата на животниот стандард и контролата на инфлаторните движења.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top