Македонија

Силјановска-Давкова на богослужба во црквата „Св. Климент Охридски“ во Љубљана

Претседателката се сретна со припадници на македонската заедница во Словенија, меѓу кои и пратеничката Сандра Газинковски

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во рамките на тридневната официјална посета на Словенија присуствуваше на богослужба во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Љубљана, кадешто изворно го слушна гласот на македонските иселеници.

Во пријателска атмосфера, разговаравме за нивниот живот далеку од дома, за поврзаноста со татковината и за улогата на македонската традиција, јазик и култура во зачувувањето на македонскиот дух.

Членовите на Сојузот на македонските културни друштва и претставниците на црковните одбори ме запознаа со нивната работа и со напорите што ги вложуваат во негувањето и зачувувањето на македонскиот идентитет.
Преку фестивали, литературни и ликовни настани, фолклорни ансамбли и бројни културни проекти, тие им ја пренесуваат македонштината на младите генерации“, објави шефицата на македонската држава на социјалните мрежи.
Во Амбасадата на Македонија во Љубљана таа се сретна и со пратеничката во словенечкиот парламент од македонската заедница Сандра Газинковски.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top