Македонија

Манасиевски: Филипче ја славеше победата на Евровизија на земјата што не’ уценува

Филипче ќе направи сè за да и наштети на својата држава, затоа што е уценет од група на бугарски политичари поради неговите криминали направени со Зоран Заев

„Уценетиот лидер на СДСМ Венко Филипче е толку антимакедонски настроен и за да се додвори уште повеќе на Бугарија верувале или не ја славеше нивната победа на Евровизија“, изјави

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ дека се радува на победата на земја која го негира идентитетот на Македонија.

„Да речеме и дека нема проблем со тоа, знаеме дека Венко Филипче први антимакедонец има свој автентичен стил на музика, но проблемот е во тоа што таа држава за која тој се радува, нас ни го негира идентитетот.

„Филипче прв антимакедонец ќе направи сè за да и наштети на својата држава, затоа што е уценет од група на бугарски политичари поради неговите криминали направени со Зоран Заев.

За среќа на граѓаните, Филипче прв антимакедонец нема да може да ги исполни своите желби затоа што нема да дојде на власт.

СДС е сега четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните. На следните избори може и да ги снема од политичката сцена“, смета Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top