Македонија

„Поуки за јазикот“ од Грк што научил македонски и се бори за него во Грција

Сотирис Минас со поучно четиво за секој Македонец од борбата со ветерници во неговата татковина јужно од Македонија

Гркот Сотирис Минас, кој научил македонски јазик и се бори за тој да ја види светлината на денот во Грција, во објава на Фејсбук за сопственото искуство со борењето со ветерници во неговата земја и за присилното предомислување на поединците што (привремено) ќе се одважат да го користат.
„Сакам да ве информирам дека преводот на поетската збирка „Θαμνολίβαδα“ (Грмушести ливади) од Олга Икономиду на македонски јазик се откажува дефинитивно, со одлука на самата поетеса.
Таа лично ме контактираше и ми предложи да ја преведам нејзината збирка на македонски јазик — всушност, цело време така и го нарекуваше јазикот — и ме охрабруваше да испратам примерок од нашиот труд во некое добро списание. Јас го избрав извонредниот културен портал ОКНО, каде што се објавувани и мои песни, а вчера на мојот профил објавив со нејзина согласност и радост една нејзина преведена песна.
Штом го видоа тоа нејзините кругови, нејзиниот став се προмени од корен. Како што ми рече, добила серија пораки од националистички академски кругови од Кипар кои барале да се отстрани терминот „македонски јазик“.
За да го заштити својот општествен статус, таа избра да им подлегне на притисоците и да ме обвини мене дека наводно „сум ја вмешал“.
Воедно, бидејќи осум нејзини песни беа испратени за објавување на ОКНО, го истражила сајтот и почна да ми вика затоа што овој културен портал е пријателски настроен кон ЛГБТКИ+ заедницата, и побара песните веднаш да бидат повлечени.
Што повеќе отпор добивам, толку повеќе се заинатувам да ја афирмирам скриената македонска историја на Грција, мачењата и угнетувањето на македонското малцинство и деконструкцијата на многу длабоките национални наративи кои ни влегуваат под кожа уште од нашето раѓање“, е поучното четиво од Минас за секој Македонец, посебно за тие што живеат во Грција.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top