Македонија

Нема одложување на системот EES за „трети земји“, но можна е флексибилност …

Земјите-членки на ЕУможат да применат привремена флексибилност на одредени гранични премини во исклучителни оперативни околности и за ограничени временски периоди

 

Европскиот систем за влез и излез е систем на ниво на Шенген, се применува подеднакво во сите земји учеснички и не е предвидено одложување за некои трети земји, вели Делегацијата на ЕУ во Македонија.

„Правната рамка не предвидува никакви понатамошни одложувања или општи исклучоци за граѓаните на одредени трети земји“, одговори Делегацијата на ЕУ на прашањето дали ќе има одложување во имплементацијата на системот EES за некои земји кои не се дел од Унијата.

Сепак, земјите-членки можат да применат привремена флексибилност на одредени гранични премини во исклучителни оперативни околности и за ограничени временски периоди, велат од Делегацијата на ЕУ за „Локално“

„Европската комисија внимателно го следи спроведувањето на системот, а Делегацијата на ЕУ во С.Македонија го следи на терен, одржувајќи близок контакт со земјите-членки“, додаваат од официјалната европска институција во земјата.

Вчера, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во одговор на пратеничко прашање, изјави дека информациите дека постои индивидуално ослободување на одредени земји од системот за влез и излез од Унијата не се точни. Тој вчера повтори дека се водат дискусии на највисоко ниво со земјите-членки за да се покаже флексибилност во однос на имплементацијата на системот ЕЕС за земјите од регионот.

„Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со институциите на Европската Унија и со земјите членки, за во летниот период, кога ќе настанат најголемите гужви, да постои некаков систем преку кој ќе има олеснувања. Во моментот, бидејќи ништо не ни е официјално потврдено, за жал, и јас ништо не можам официјално да потврдам, но очекуваме како регион, соработувајќи и со земјите членки, кои и самите не сакаат вакви гужви, да има подобри услови од тие што ги имаше во последниот период“, изјави Муцунски вчера од Собранието.

Најнови вести од: Македонија

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Најнови вести

To top