Македонија

Улица „Џумајска“ со нов инфраструктурен сјај

Општина Карпош

Целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу. Станува збор за отсечка на улицата која се протега од раскрсницата со ул. „Леринска“ до раскрсницата со ул. „Брадфорска“, во должина од 517 метри.

Со вкупна инвестиција од околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт, реконструиран е коловозот кој опфаќа ревитализација на асфалтната површина, замена на рабниците и замена на долниот строј.

Изведувач на градежните работи е „Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје“, а инвеститор на овој комунален проект е Општина Карпош со проектант „ МГ Проект“, од Скопје. Општина Карпош продолжува да инвестира средства во рамномерен инфраструктурен, урбан и комунален развој во сите четиринаесет урбани и месни заедници, кои се наоѓаат во нејзниот состав.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top