Македонија

Претседателката додели сертификати на децата од дијаспората на камп за извонредност во Охрид

Кампот е успешен проект, не само заради стимулирањето креативни технолошки активности, туку и заради возобновувањето на врската со татковината, учењето македонски јазик, дружењето, воспоставувањето пријателства

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова додели сертификати на децата од дијаспората на камп за извонредност во Охрид.

,,Денеска им доделив сертификати на учесниците на петтото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, којшто се одржува под мое покровителство, во организација на „Македонија 2025“.

 

Импресионирана сум од проектите на тема „FIRST® LEGO® League – SUBMERGED℠“, фокусирани на океаните како предмет на истражување, коишто младите учесници од САД, Канада, Франција, Хрватска, Словенија, Малта и од различни делови на земјава, ми ги претставија”, порачува Сиљановска Давкова која вели дека кампот е успешен проект, не само заради стимулирањето креативни технолошки активности, туку и заради возобновувањето на врската со татковината, учењето македонски јазик, дружењето, воспоставувањето пријателства.

,,Во учесниците препознавам идни научници со кои ќе се гордее не само државата во којашто живеат, туку и ние

Денеска им доделив сертификати на учесниците на петтото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, којшто се одржува под мое покровителство, во организација на „Македонија 2025“.

Кампот е успешен проект, не само заради стимулирањето креативни технолошки активности, туку и заради возобновувањето на врската со татковината, учењето македонски јазик, дружењето, воспоставувањето пријателства.

 

Во учесниците препознавам идни научници со кои ќе се гордее не само државата во којашто живеат, туку и ние”, објавува претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Поранешниот врховен судија Наќе Георгиев излегува на слобода по одлука на Апелација

Екс врховниот судија Наќе Георгиев излегува на слобода. По спогодбата за три години затворска казна и поминати две години во ќелија, апелациските судии му ја уважиле жалбата тој од јули да биде пуштен на слобода. Георгиев бише фатен со 10.000 евра мито, пари кои ги земал за да врши противзаконито влијание во предмет во кој […]

To top