Натаму, во писанието со наслов „За албанскиот јазик во Македонија, сеништата од минатото и еден друг, уште подраматичен проблем“, кое го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, покрај другото, колумнистот наведува: „Во денешна Европа е сосема незамисливо студентите да учат четири години на својот јазик – а потоа, за завршниот (правoсуден) испит, да им се каже од министерот за правда дека сега мора да го полагаат овој испит на друг јазик. Во овој случај, на македонски јазик. Албанските студенти се борат против оваа неправда две години, без соодветна политичка поддршка. Сегашната македонска влада се обидува да го поткопа она што е постигнато во последниот четврт век во однос на унапредувањето на албанскиот јазик.“

Ако е крајната цел на оваа македонска влада да го поткопа Охридскиот договор, тогаш оваа земја би можела да се лизне во подлабоки кризи. Во наредните недели се очекува Уставниот суд на Македонија да донесе одлука во врска со некои делови од законот за јазиците. Македонскиот премиер и ВМРО ДПМНЕ не се свесни дека само Албанци не го негираат македонскиот идентитет. Бугарите имаат проблем со македонскиот јазик, нарекувајќи го бугарски дијалект. Има Срби кои ја гледаат Македонија само како продолжение на Србија, српска покраина до Охрид. Но нема сериозен албански политичар, кој го негира националниот идентитет на Македонците.“
„Владата во Македонија веројатно може да го промени погрешниот тек, по кој се движи, само со обединета реакција на Албанците и со поддршка на Приштина и Тирана. Обединетиот одговор не треба да значи фолклорни пароли. Албанците се и треба да се однесуваат како сосопственици на македонскиот државен систем. Македонија се приклучи на НАТО, особено со поддршка на Албанците. Дури и овие неколку напредоци што ги направи кон ЕУ се исто така заслуга на Албанците.“ – пишува Енвер Робели во оваа колумна.