Хроника

40-годишен битолчанец киднапирал и претепал 18-годишна девојка по матурска прослава

Основното јавно обвинителство во Битола поведе кривична постапка против 40-годишен маж, осомничен дека ја противправно лишил од слобода и ја телесно повредил 18-годишна девојка со која бил во блиски лични односи.

Основното јавно обвинителство во Битола поведе кривична постапка против 40-годишен маж, осомничен дека ја противправно лишил од слобода и ја телесно повредил 18-годишна девојка со која бил во блиски лични односи.

Според обвинителството, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови. Девојката се враќала од матурска прослава кога осомничениот ја пресретнал со автомобил. Таа влегла во возилото, по што тој ѝ го зел мобилниот телефон, не ѝ дозволувал да излезе и ја возел на непозната локација.

„Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација се обидела да го напушти возилото, но осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира“, соопшти Обвинителството.

Потоа, тој повторно ја вовлекол во автомобилот и продолжил да ја напаѓа со тупаници, нанесувајќи ѝ телесни повреди и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и со помош на случаен минувач побарала помош.

Обвинителството бара определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека постои опасност од бегство, дека тој и претходно се јавувал како сторител на насилство и други кривични дела, како и дека начинот на извршување на делото укажува на „особено насилнички и контролирачки порив“ кон жртвата.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top