Македонија

На Бихаќка се горди што, според нив, владите на СДСМ носеле државнички одлуки

Македонскиот јазик е признаен од Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година а тогаш СДСМ воопшто не постоел

Во соопштение по повод 24 Мај денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј од Бихаќка објавувааѕ дека се горди што, според нив, владите на СДСМ носеле државнички одлуки.

Во чудното соопштение од партијата тврдат дека заради СДСМ македонскиот јазик е признат во Обединетите Нации иако признавањето од светската организација се случило во Атина пред речиси 50 години.

Македонскиот јазик беше признаен од Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година.

,,Горди сме што ние во СДСМ покажавме дека се грижиме за нашето културно наследство, за нашиот македонски јазик и за иднината на државата.
Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија”, пишува СДСМ во чудното соопштение.

,,Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура”, стои во соопштението на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top