Македонија

Манасиевски: Филипче преку Земон соработува со антимакедонецот Стојанов

Лидерот на СДСМ е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави

денеска обвини дека

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, соработува со Виктор Стојанов, кој има антимакедонски ставови и е персона нон грата во Македонија и единствен лидер на партија во Македонија кој бара Бугарите да влезат во Уставот без гаранции, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Тој вели дека “специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче, преку Рубин Земон, е во директна соработка со Виктор Стојанов“.

За нештата да бидат појасни, Манасиевски потсети дека Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.

„Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата.

Филипче е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави.Тој е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата и е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ.

Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера“, додава Манасиевски.

Кој е Виктор Стојанов? Бугарскиот провокатор кој „му пресуди“ на Рубин Земон (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Роамингот меѓу Македонија и ЕУ на чекор до укинување

Aмбасадорите на земјите членки на ЕУ на 3. јуни треба формално да го разгледаат и одобрат мандатот за почеток на преговори, а потоа министрите на Унијата да ја потврдат одлуката. Со тоа Европската комисија би можела да почне билатерални разговори со секоја држава од Западен Балкан одделно, меѓу нив и Македонија. Но важната реченица за граѓаните е оваа: роамингот сè уште не е укинат. Ова е отворање пат, не финална рампа што веднаш се крева.

Скандалозно омаловажување и негирање на Македонците од Сулејмани: Тоа е народ на туѓи херои, а можеби се и внуци на првите балкански диносауруси!

„Денес нашите македонски соседи го слават Денот на азбуката. Сериозен празник, со сериозни говори, сериозни академици и луѓе, кои сериозно климаат со главите, како азбуката да им ја оставил нивниот дедо во неговиот тестамент. Азбуката, како што е познато, ја донеле браќата Кирил и Методиј – Бугари или не, но ова е тема што сè уште ги прогонува историчарите од регионот. Но, проблемот започнува штом групата ќе испие неколку чаши ракија и ќе почне да раскажува чудни приказни. Затоа што, според официјалната верзија, Македонците денес се во исто време: и Словени, и антички, потомци на Александар Велики, братучеди на Сонцето од Вергина! А ако можеби ќе се појават дека се дури и внуци на првите балкански диносауруси.“ – наведува публицистот и „аналитичар“ од Куманово Сермет Сулејмани во своето писание, намерно објавено токму на 24 мај, денот на Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители. Сулејмани не само што изнесува скандалозни омаловажувања на сиот македонски народ и го изложува на јавно исмевање неговиот национален и културно-јазичен идентитет, туку се впушта во негирање на тој идентитет и на историјата на македонскиот народ и неговите историски личности, индиректно доведувајќи ги еден од столбовите на македонскиот идентитет Кирил и Методиј во врска со Бугарите!

Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и да го предадеме на младите поколенија

Животот овде, на овие македонски простори, каде што историските околности не секогаш биле наклонети кон нас и кон нашите стремежи, ни овозможил да созрееме како опитен народ со свој јазик и култура. Народ мирен, но не и наивен, свесен за сопствената единственост, неповторливост и одговорност пред лицето на Бога и пред светот – порача епископот Ераклејски Климент на свечената акaдемија, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј.

Љутков од Рим: Делото на Кирил и Методиј е духовен и темел на словенската писменост, а Македонија духовен мост што го чува пламенот на словото

Со концерт на камерниот ансамбл Консонанс во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“ во Рим, свечено беше заокружено годинашното чествување на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Зоран Љутков, кој беше дел од државно-црковната делегација, истакна дека нивното дело е духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет, пренесе МИА.

“Samsung” ја носи целосната линија на телевизори со вештачка интелигенција за 2026 година до потрошувачите ширум светот

Линијата за 2026 година ги проширува напредните функции со вештачка интелигенција низ моделите Micro RGB, OLED, Neo QLED, Mini LED и UHD, овозможувајќи им на повеќе потрошувачи да ги искусат придобивките од телевизорите напојувани со ВИ

Најнови вести

To top