Македонија

Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и да го предадеме на младите поколенија

Животот овде, на овие македонски простори, каде што историските околности не секогаш биле наклонети кон нас и кон нашите стремежи, ни овозможил да созрееме како опитен народ со свој јазик и култура. Народ мирен, но не и наивен, свесен за сопствената единственост, неповторливост и одговорност пред лицето на Бога и пред светот – порача епископот Ераклејски Климент на свечената акaдемија, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј.

Натаму Климент посочи: Катедралниот храм на охридските и македонски архиепископи — „Света Софија“, кој всушност претставува средиште и срцевина на нашата света Македонска Православна Црква, токму под овие небоземни сводови на Божјата Премудрост се испишувала историјата на нашата древна Охридска Архиепископија. Истокот ја благословил, а Западот ја потврдил себежртвената и безрезервна рамноапостолска мисија на светите браќа Кирил и Методиј. Таа и во Охрид е посведочена преку крштението, низ кое се ословесивме, и преку азбуката, низ која се ограмотивме, не само ние, туку и мноштво братски народи со кои имаме единство во православната вера. Радоста што произлегува од животот во заедница со Бога и со другиот човек за нас претставува вредносен систем. Тој е воспоставен најнапред од апостолското Павлово наследство, а потоа продолжен во Кирилометодиевата свештена традиција, која од времето на светите Климент и Наум ревносно се негува во Македонија – рече во своето истапување Климент. 

Наша должност и обврска е овој завет со дела да им го посведочиме и предадеме на младите поколенија, кои се нашата иднина и наследство. Нека ни е честит празникот, а светите Кирил и Методиј нека бидат постојано со нас, заедно со нивните свети ученици, та од род во род, и од генерација во генерација да се продолжува и да се сведочи нивното дело, нагласи Климент на денешното чествување во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

To top