Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и да го предадеме на младите поколенија
Животот овде, на овие македонски простори, каде што историските околности не секогаш биле наклонети кон нас и кон нашите стремежи, ни овозможил да созрееме како опитен народ со свој јазик и култура. Народ мирен, но не и наивен, свесен за сопствената единственост, неповторливост и одговорност пред лицето на Бога и пред светот – порача епископот Ераклејски Климент на свечената акaдемија, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј.