Египќаните во Македонија се оградуваат од Рубин Земон: Со негатори на македонскиот народ не би се сретнале, а камоли да пиеме кафе!
Припадниците на посебната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија се оградуваат од ставовите и постапките на Рубин Земон, бидејќи, како што велат тие се лично негови.
1 минута за читање
-Рубин Земон е поранешен претседател на ПОЕН, партија која се претопи во структурите на СДСМ, а Рубин Земон стана , сега веќе екс член на И.О. на СДСМ – велат тие и додаваат дека тој не е претставник на Египќаните, како што го преставуваа некои медиуми .
Тие додаваат дека огромно мнозинство на Египќаните ги подржуваат ставовите на Владата на Македонија, предводена од лидерот, Христијан Мицкоски и македонските национални интереси.