Македонија

Дејвид Гета и 120 македонски музичари ќе настапат на Денот на независноста

Фокусот на прославата не е ставен исклучиво на диџејот, туку манифестацијата ќе има силен домашен и децентрализиран карактер низ 11 градови во државата

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ откри дека Владата подготвува масовна и досега невидена централна прослава за Денот на независноста – 8-ми Септември

Тој посочи дека покрај светската диџеј ѕвезда Дејвид Гета (David Guetta), на сцените ширум државата ќе продефилираат преку 120 домашни изведувачи.

На прашањето кој ќе го плати Дејвид Гета и колку ќе чини неговиот ангажман, директорот на СОЗР уверува дека државата нема да скрие ниту еден денар од граѓаните.

„Сè ќе биде целосно транспарентно и Владата официјално ќе ги објави сите податоци. Околу делот на финансиите и постапките, верувајте, јавноста ќе биде детално запознаена. Она што можам да го откријам е дека веќе за утрешниот ден е закажана прес-конференција каде ќе се објави вториот дел од планот – односно што и како точно ќе се случува за 8 септември“, истакна Томовски.

Меѓу другото, тој потенцираше дека фокусот на прославата не е ставен исклучиво на диџејот, туку дека манифестацијата ќе има силен домашен и децентрализиран карактер низ 11 градови во државата.

Најнови вести од: Македонија

Бесплатен концерт на светската оперска легенда Хозе Карерас на 1.9.2026 во Скопје по повод Денот на независноста на Македонија!

По повод 35 години од независноста на 1 септември на плоштадот во Скопје ќе настапат светски познатиот тенор и најголемите македонски музички имиња, во придружба на македонската филхармонија, а во организација на Владата. Со славниот тенор ќе пејат Калиопи, Каролина Гочева, Наум Петревски, Сузана Спасовска…

Претседателката со порака: Курбан Бајрам ги промовира вредностите на човечност

Преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство, порачува претседателката на Македонија

To top