Македонија

Таравари: Од 250 милиони, ниту едно евро не отиде кај компании на Албанци

Од средствата што беа распределени на компаниите како помош со ниска камата

 

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека од 250 милиони евра, ниту едно евро не отиде кај албанските компании.

„Една четвртина од она што го позајмивме од Унгарија беше помош за приватни компании – 250 милиони евра и замислете од тие 250 милиони евра што беа распределени на компаниите како помош со ниска камата, нема албанска компанија. Ниту едназа лек“, тврди Таравари.

Тој вели дека за ова го прашал и министерот за економија, кој му рекол „немам информации“.

Нема албанска компанија, ако има, нека ме негираат“, рече Таравари во емисијата „Клик Плус“ на „ТВ21“.

Таравари зборуваше и за ВРЕДИ коментирајќи дека во таа партија, главни се Демократскиот сојуз на Меџити и БЕСА на Касами, додека другите партии што се приклучија се „културно-уметнички здруженија“.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Исто како Заев, и Филипче е спремен за нови отстапки кон Бугарија

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија

To top