Македонија

Хрисохоидис: Добивме поплаки, но мора да се спроведе целосно системот за биометриска регистрација, ЕУ инсистира на тоа!

„Мора да ја спроведуваме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена.“ – посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини. Тој нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од С.Македонија и Србија.“ – јави Македонската информативна агенција-МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните е надлежно за полицијата во Грција, како и за контролите на граничните премини, а од Халкидики, каде што одржа состанок во пресрет на летната сезона, Хрисохоидис се осврна и на ЕЕС системот и рече дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.

„Знам дека има поплаки. Имам добиено поплаки и од моите колеги од С.Македонија и Србија. Станува збор за прашање што има два аспекти. Првиот се однесува на новиот начин на влез во земјите на Европската Унија, т.н Entry-Exit систем. Но мора треба да ја спроведуваме европската легислатива. Сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал, а и да постои празно место дури и на еден полицаец, ќе се пополни. Но, проблемот е двоен: прво, процедурите што бараат некое време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување.“ – објасни Хрисохоидис.

За време на состанокот бил претставен и оперативниот план за туристичката сезона, кој предвидува дополнително засилување на полициските сили во сите сектори, како и во сообраќајната полиција. Соопштено е дека во пресрет на летото полициските единици на Халкидики ќе се зајакнат со околу 200 полицајци, со цел „дополнително зајакнување на чувството на безбедност кај граѓаните и кај милионите посетители, кои се очекуваат во текот на летниот период“.

„Сите служби целосно ќе треба да ги покријат своите потреби, 24 часа дневно, цела седмица, во текот на сите месеци кога ќе има зголемен број посетители во регионот.“ – рече грчкиот министер.

Најнови вести од: Македонија

„Мали Фрчко“ со интересна теорија која е причината што СДСМ ги исклучи коментарите на социјалните профили (ВИДЕО)

Јон Фрчкоски, истакнат член на СДСМ, изјави дека партијата привремено ги исклучила можноста за коментари под објавите на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Касами од Вреди се сретна со лидерот на албанските демократи Бериша во Тирана, заради „подобрување на меѓуалбанската соработка во регионот“

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на партијата Вреди Билал Касами, одржа средба во Тирана со поранешниот премиер на Албанија и лидер на Демократската партија Сали Бериша.

Зошто се „растрча“ Али Ахмети на средби со членови на Конгресот, веднаш откако САД објавија дека нема да интервенираат повеќе во Балканот?!

Делегација на ДУИ предводена од Али Ахмети во посетата на Конгресот, само неколку дена откако Стејт Департментот на САД соопшти дека САД ја менува својата доктрина за Балканот!

„Нетпрес“: Абдулвехап Хусеини, инвеститорот што направи инцидент при градбата на „Тедоосиј Гологанов“, во слободно време е раководител во Центарот за социјално во Тетово

Абдулвехап Хусеини, сопственик на една од фирмите инвеститори на зградата на булеварот „Теододсиј Гологанов“, каде што при копање на дупка се случи свлечиште на зeмјиштето, работи и како раководител на сектор во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави ТВ Телма. Тој раководи со секторот Права, а бил пријавен и за „несовесно работење во службата“. Се спогодил со обвинителството, а на државата и вратил 18.000 денари. Како што објави Телма, вработена во центарот го пријавила за мобинг, но судот пресудил во корист на Хусеини, објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top