Македонија

Кој во СДСМ ширел навреди и клевети по вибер групи?

Со надеж дека ќе ја снема малограѓанштината на Бихаќка

Некој или некои членови на СДСМ ширеле навреди и клевети по партиски вибер групи, открива екс градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Тој не кажуца директно дали клеветите и навредите се за него но според контекстот се работи за одмазда од партиското раководство за неговата изјава дека СДСМ планирал да предложи закон за деца трансџендери.

Костадинов вели дека во СДСМ консолидација не може да има додека има навреди и клевети по вибер групи.

,,Консолидација може да има исклучиво на искрена основа, со навреди и клевети по вибер групи не мислам дека е решение.

Јас сум човек кој простува, така ќе биде и овој пат, но тоа не го менува фактот дека итно е потребно промена во ОО СДСМ Струмица по сите основи!

Со почит и со надеж дека еден ден повторно ќе се врати другарството и ќе ја снема малограѓанштината…”, порача Костадинов.

Поврзана вест

Застрашувачко предупредување од функционерот на СДСМ за планот на неговата партија

СДСМ се откажал од законот за промена на пол на деца без согласност од родителите

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

To top