Македонија

СДСМ се откажал од законот за промена на пол на деца без согласност од родителите

,,Конкретно мислам на Законот за матична евиденција, кој предвидуваше промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите“, напиша Костадинов

СДСМ тврди дека се откажал од законот за промена на пол на деца без согласност од родителите.

Реакцијата од Бихаќка доаѓа откако Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на Струмица и член на СДСМ, јавно се спротивстави на Законот за матична евиденција, кој предвидуваше можност за промена на пол кај малолетни лица без согласност од родителите.

СДСМ сега тврди дека се работи за стар закон кој сега не е на дневен ред во партијата.

,,Немаме време за дефокус. Ова не е вистина. Законот за кој зборува Костадинов е повлечен од владина и собраниска процедура во март 2022 година, и тој закон нема никаква врска со нашата нова програмска платформа”, објави СДСМ.

Во објава упатена до своите сопартијци, Костадинов порача дека ваквото решение не претставува социјалдемократска идеја и побара законот да не помине.

„Сметам дека на сите ни е јасно дека ова не е социјалдемократска идеја. Конкретно мислам на Законот за матична евиденција, кој предвидуваше промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите“, напиша Костадинов.

Тој посочува дека верува во потребата од заштита на маргинализираните групи, но смета дека постојат граници.

— реклама —

„Јас искрено верувам во добрите намери на социјалдемократијата да заштитува маргинализирани групи, но некои работи се едноставно премногу“, додава тој.

— реклама —

Костадинов повика на обединување во партијата околу ова прашање, оценувајќи дека мнозинството членови на СДСМ ќе бидат на иста страна.

„Во име на консолидацијата, убеден сум дека огромното мнозинство од моите партиски другари, со кои низ годините сум имал различни ставови по многу основи, овој пат ќе бидеме на иста страна. Ова не треба да помине!“, наведува ексградоначалникот.

На крајот, тој повика СДСМ да се врати кон, како што вели, вистинските социјалдемократски вредности.

„Да ја подигнеме социјалдемократијата онака како што и личи како државотворна, прогресивна партија на граѓаните и за граѓаните!“, напиша Костадинов.

Поврзана вест

Кој во СДСМ ширел навреди и клевети по вибер групи?

Најнови вести од: Македонија

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Најнови вести

To top