Американскиот претседател Доналд Трамп сподели слика од планината Рашмор генерирана од вештачка интелигенција, на која неговата скулптура се наоѓа рамо до рамо со оние на Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.
Тој ја објави фотографијата на социјалната мрежа Truth Social
Националниот споменик на планината Рашмор е колосална скулптура врежана во гранитната површина на Блек Хилс во Кистоун, Јужна Дакота. Таа ги прикажува лицата со висиба од 60 стапки (дваесетина метреи) на четири американски претседатели: Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн, симболизирајќи го основањето, проширувањето, развојот и зачувувањето на нацијата.
Скулпторот Гутзон Борглум ги избра овие четири лидери да ги претставуваат првите 150 години од историјата на САД.
Џорџ Вашингтон го претставува основањето на нацијата и борбата за независност.
Томас Џеферсон ја претставува експанзијата.
Теодор Рузвелт го симболизира развојот на земјата и нејзиното воспоставување како светска сила. Абрахам Линколн, од друга страна, е олицетворение на нејзиното зачувување за време на Граѓанската војна.
Во 2018 година, Трамп ѝ напомна на гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, дека сонува неговиот лик да биде врежан на споменикот.
Тој верува дека неговите достигнувања го оправдуваат неговото вклучување.
Трамп повторно ја отвори темата во 2020 година. Во Конгресот, неговите лојални сојузници, како што е претставничката од Флорида, Ана Паулина Луна, предложија официјални закони со кои му се наредува на Министерството за внатрешни работи да организира резбање на ликот на Трамп на планината.