Свет

Зеленски: Пријателството со Путин е исто како да бил пријател со Хитлер во Вторта светска војна

Путинј е агресор и убиец.. Не може да биде пријател. Едноставно не може“, вели украинскиот претседател реагирајќи на средбата Трамп-Путин

Володимир Зеленски изрази длабока фрустрација кон САД, критикувајќи го Доналд Трамп што го нарече Владимир Путин „мој пријател“ и истакнувајќи дека доцнењето во испораката на клучни противбалистички ракети чини човечки животи во Украина, објави Би-Би-Си

Во интервју за Би-Би-Си, дадено од неговата канцеларија во центарот на Киев, украинскиот претседател се пожали дека САД не вршат доволен притисок врз Русија во мировните преговори. Тој, исто така, го нарече „чуден“ потегот на Трамп да објави фотографија на која се гледа како го прегрнува Путин.

„Се разбира, тоа е одлука на претседателот на САД, но… чудно е“, рече Зеленски, зборувајќи на англиски јазик.

„Тој е агресор и убиец… Не може да биде пријател. Едноставно не може“, рече тој, додавајќи дека тоа е исто како некој да тврди дека бил пријател со Адолф Хитлер за време на Втората светска војна.

Во четвртокот, Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“ објави дека за време на неговиот самит со Путин во Кина минатата недела, побарал од Русија „да ја повлече секоја воена агресија врз територии низ Европа“. Тој додаде дека верува оти склучувањето мировен договор со Украина е „реална можност“.

Сепак, судејќи според јавните изјави, се чини дека Русија се вратила на своите првични, тврди преговарачки позиции – по сите прашања.

Зеленски исто така откри дека не е јасно дали европските преговарачи ќе учествуваат во разговорите, иако американските пратеници претходно најавија дека тие ќе бидат присутни.

Се чини дека Кремљ се спротивставува на тоа. Европа е подготвена за разговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, велат лидерите
Зеленски вели дека Путин е „убиец“, откако Трамп го нарече рускиот лидер пријател
На Украина итно ѝ е потребно разговорите да напредуваат и да стават крај на петте исцрпувачки години од руската инвазија од целосен обем.

Руските напади низ целата земја стануваат сè почести и посмртоносни: бројот на загинати цивили е на највисоко ниво досега.

Затоа, Зеленски повика на „вистински, корисни сојузници, кои можат да извршат притисок врз Русија“ за да се постигнат резултати, и ја повика САД да ја оправдаат својата репутација на силна земја со „моќ и почит“.

„Кога се обидувате да бидете сосема неутрални кон агресорот… тоа значи дека ги поддржувате жртвите, но го поддржувате и агресорот. Тоа не е во ред“, рече тој.

САД тврдат дека се неутрални – во сложениот процес на изнаоѓање мировен договор меѓу двете страни, кој би бил одржлив.

Кога во четвртокот повторно беше прашан за тоа што го нарече Путин пријател, Трамп им рече на новинарите: „Сакаме да го запреме убивањето. Би можел да кажам дека тој не ми е пријател… Сакам да постигнам договор“.

Тој додаде: „Би можел да влезам и да кажам: ’Не ми се допаѓаш‘ – и тогаш ќе го имаме истиот проблем што го имаме со Зеленски и Путин.

Знаете… најголемиот проблем за такво решение е фактот што имате двајца лидери кои навистина се мразат еден со друг“.

Најнови вести од: Свет

Порака до 100.000 британски ветерани:  „Подгответе се за војна“

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“

Трамп најави нови царини за ЕУ плус 13 земји

Предложените царински стапки вклучуваат: Кина – 20% (со можност да се зголемат до 40%); Виетнам – до 35%; Индија – до 25%; Тајван – до 25%; Јужна Кореја – до 25%; Индонезија – до 25%; Малезија – до 25%; Тајланд – до 25%; Камбоџа – до 25%; и Европската Унија – до 20%.

To top