Регион

Локални Албанци против комплекс на Иванка Трамп, а настрада Грк (ВИДЕО)

Локални жители се спротивставуваат на изградбата на туристички комплекс вреден 1,4 милијарди долари а како инвеститори се јавуваат Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер

Грција официјално изрази загриженост до Албанија по насилните судири во кои беше повреден грчки државјанин (лицето кое беше влечено на видеото).

Во официјално соопштение, Атина ја нагласи важноста на почитувањето на владеењето на правото и заштитата на правата на грчкото малцинство во Албанија.

Според демонстрантите, припадници на приватното обезбедување „киднапирале“ еден демонстрант и употребиле бибер спреј против демонстрантите и албанската полиција.

Предводени од еколошки активисти, жителите на Албанија протестираа против градењето на туристички комплекс во областа Звернец.

На Иванка Трамп не ѝ даваат да гради туристички комплекс во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите рекоа дека областа е заштитена албанска земја и не им припаѓа на Трамп или Џаред Кушнер.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top