Македонија

Нов пожар на депонија во кумановско

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ со механизација на терен и работат на гаснење на пожарот кој избувна синоќа на депонијата „Краста“

Директорот на претпријатието Сашо Томиќ изјви дека сите расположливи екипи се ангажирани на локацијата и во текот на денот, со затрупување со земја, ќе се обидат целосно да го локализираат чадењето.

Вчера на терен интервенирале и кумановските пожарникари со едно возило, во периодот од 20:35 до 23:10 часот.

Депонијата „Краста“, која се наоѓа на регионалниот пат Куманово–Пчиња, во иднина треба да прерасне во претоварна станица од која отпадот од Куманово ќе се транспортира во Свети Николе, во рамки на проект финансиран од Европската Унија, во кој се вклучени општини од североисточниот и источниот регион.

Во рамки на претходни активности, депонијата била затрупана и израмнета со земја со цел да се спречи ширење на непријатна миризба и потпалување, проблем кој, како што се наведува, бил присутен со децении и причина за реакции и блокади од жителите на село Пчиња, кои бараат нејзина дислокација.

„Краста“, која функционира од 1958 година, зафаќа површина од 12,5 хектари и претставува локација на која се складира отпадот од град со над 100.000 жители.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top