Македонија

Судбоносното ДА го кажа во Македонија, Лорен по 5 години се врати и не згреши

Љубовта е во воздухот во Македонија

Американката Лорен по 5 години се врати и не згреши затоа што тука доби можност над црквата Свети Канео во Охрид да го каже судбоносното ДА.

Нејзиниот иден сопруг разбрал колку Македонија е важна за неговата животна избраничка и предлогот го дал на исконската локација.

 

 

Според профилот на Мировниот Корпус на САД љубовта е во воздухот во Македонија кој е втор дома за Лорен.

 

,,❤️ Лорен, вратена волонтерка од Мировниот корпус, ја посети Македонија пет години по завршувањето на нејзината служба и го донесе својот партнер Хамптон.

 

Знаејќи колку многу ѝ значеше нејзината служба во Македонија, Хамптон ѝ предложи брак на Лорен назад во нејзиниот втор дом. Честитки, Лорен и Хамптон! 🎉”, објави Мировниот Корпус на САД.

 

 

Мировниот корпус секоја година испраќа волонтери од САД во различни земји кои ја учат локалната култура и помагаат во разни проекти од интерес за луѓето кои живеат таму.

Најнови вести од: Македонија

Децата пушат цигари на 9 години, алкохол на 13, а се клукаат и со седативи, марихуана, кокаин

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

Апел: Ранливите категории скопјани да останат дома

Се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

To top