Македонија

Исправен меч за будност и одлучност, сина боја за доверба, а златната за авторитет

Новиот симбол на институцијата, беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство

 

Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации.

Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја.

Темно сината ја симболизира довербата, професионалноста и институционалната стабилност, додека златната боја упатува на достоинство, авторитет и вредностите врз кои се темели правдата, се вели во соопштението од Јавното обвинителство

Создавањето на новото лого не беше замислено како воведување само на нов графички симбол.
Целта беше во еден единствен визуелен знак да се претстави целата обвинителска организација, нејзината структура, поврзаност и заедничка мисија во заштитата на законитоста и јавниот интерес.

Во самиот центар се издига мечот, што симболично го претставува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија како носечки столб на обвинителската организација и гарант на нејзиното единствено и координирано функционирање.

Поставен е исправено и насочен нагоре како будност, одлучност и постојана подготвеност за заштита на законитоста, јавниот интерес и владеењето на правото.

Од двете страни на мечот се наоѓаат тасовите на вагата која е универзален симбол на правдата, непристрасноста и еднаквата примена на законот. Таа ја претставува заедничката цел кон која е насочена работата на севкупната обвинителска организација.

Врвките што ги држат тасовите на вагата симболично ги претставуваат вишите јавни обвинителства и нивната улога како важна алка што ги поврзува различните нивоа на обвинителскиот систем и придонесува за неговата стабилност и функционалност.

Околу нив се распоредени 23 ѕвезди што ја претставуваат мрежата на основните јавни обвинителства низ државата. Тие се темелот на системот и местото каде што граѓаните најчесто се среќаваат со работата на обвинителството.

Во централна позиција е поставена ѕвездата што симболично го претставува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Нејзината големина е идентична со останатите ѕвезди, што ја нагласува еднаквата важност на сите основни јавни обвинителства во системот, додека нејзината централна поставеност ја одразува специфичната надлежност на ова обвинителство, која се протега на целата територија на државата.

На овој начин, сите нивоа на обвинителската организација се обединети во еден единствен знак, кој во целина наликува на европските симболи и го одразува европскиот дух и аспирациите на институцијата да ги достигне европските стандарди на владеење на правото.

Логото беше промовирано вчера во Скопје на конференцијата „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, организирана во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

Психологот Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недостиг на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

To top