Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски

Повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7% во споредба со лани

До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за ТВ Сител.

„Согласно проекците на буџетот и како беше испроектирано со носењето на Буџетот така се одива финансирањето. Сето она што значеше да обезбедиме средства најпрвин за отплата на старите долгови, сето тоа ние го направивме и дополнително на тоа она што треба да го обезбедиме до крајот на годината за сервисирање на буџетскиот дефицит. Тука имаме уште обврски или побарувања по основ на државни хартии од вредност или надворешно некаде меѓу 250 и 300 милиони евра со цел сето она што ни било планирано да се реализира, но секако дека дел од тоа салдо ќе се пренесе и во 2027 година“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека за годинава нема планирано издавање нова еврообврзница и потсети дека Еврообврзница веќе се издаде во јануари со која се сервисираше Еврообврзницата издадена во 2020 година од 700 милиони евра и дека минатата недела е исплатена во целост. При тоа додаде дека во текот на денот е пристигнат приливот од кредитот од странски банки во износ од 260 милиони евра и се пристигнати средствата согласно Реформската агенда со што потенцира дека се што е планиранот е изреализирано.

„Ние оваа година имаме огромни обврски и секоја следна и постојано тоа го комуницираме. Тоа значи дека првин треба да обезбедиме пари да ги вратиме старите долгови. Не се случило во светот, освен Либан, да имала доцнење во сервисирање на своите обврски. Тоа е нешто најстрашно што може да се случи на една држава. Кога обврските ви се секоја година огромни вие првин имате фокус и задача да ги сервисирате тие обврски, а понатаму се трудите да обезбедите колку можете за покривање на буџетскиот дефицит од тековната година“, истакна министерката.

Таа посочи дека најгоелмата тежина на Министерството за финансии е што сите долгови се сконцентрирани во 4 години и дека секоја година сигурно ќе има потреба од издавање на еврообврзница, меѓутоа потенцира дека сигурно рочноста и структурата ќе се приспособи се со цел да не се повторат грешките на претходната Влада.

Осврнувајќи се дека јавниот долг во континуитет е на ниво околу 60% потенцира дека зголемвуањето на долгот или задолжувањето не е страшно ако е правилно насочено.

„Секој нов долг насочен кон одреден проект што ќе има додадена вредност за економијата во суштина ќе го намалува тој процент на јавен долг и во овој момент сметам дека Владата успешно тоа го менаџира затоа што состојбата што ја наследивме беше алармантна“, рече министерката, дополнувајќи дека покрај другото како обврска е реализирана и отплата на првиот дел од солидарниот данок кон компаниите во износ од 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра, што исто така е обврска наследена од претходната Влада.

Таа потенцира дека Буџетот е тековен, ликвиден и нема никаков проблем со сервисирање на обврските.

Во гостувањето се осврна на растот на БДП во првиот квартал, податок којшто беше објавен од Државниот завод за статистика, кој според министерката е еден циклус на континуиран пораст или стабилен раст на БДП, што е резултат на економската активност што се случува и укажува дека имаме навистина позитивна клима која ќе продолжи и во наредниот период.

Посочи дека покрај јавните инвестиции се случуваат и инвестиции во приватниот сектор што се гледа преку двоцифрениот раст на кредитите како и поддршката обезбедена од Владата со унгарскиот заем. При тоа истакна и дека се врши навремено и редовно повратот на ДДВ кон компаниите и дека заклучно со мај 2026 година има поголем поврат на ДДВ во однос на истиот период лани за 4,7%.

Најнови вести од: Бизнис

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји.

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

To top