Македонија

Мицкоски задоволен од средбите со Макрон и Мерц: Процесот на проширување е жив

Премиерот Христијан Мицкоски по Самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват изјави дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив, но дека Македонија нема да прифати нови отстапки без јасен и извесен крај.

Премиерот Христијан Мицкоски по Самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват изјави дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив, но дека Македонија нема да прифати нови отстапки без јасен и извесен крај.

„Ова се моменти кога Европската Унија, односно Европскиот совет, јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Наша задача е тој процес да го зачуваме, да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата е подготвена брзо да ги спроведува реформите, но дека нема да влезе во „авантура без јасен крај“.

За средбата со Мерц

Премиерот ја оцени средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц како „исклучително конструктивна“.

„Уставните измени кои ги прифати претходната Влада беа тема на разговорот, но нашиот став е тој – ние заслужуваме многу повеќе од потпросечни политички медиокритети да ни ја креираат европската судбина“, истакна Мицкоски.

Тој изрази задоволство и од разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мицкоски оствари пријателска и срдечна средба со Макрон

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top