Македонија

Битиќи: Делумно сум разочаран од политиките на СДСМ (ВИДЕО)

„Јас не бегам од тоа, прв си дадов оставка од потпретседател на партијата дента кога ги загубивме изборите“ вели поранешниот втор човек во партијата

Поранешниот потпретседател на СДСМ и сегашен пратеник Фатмир Битиќи, синоќа во гостување на ТВ21 рече дека е делумно разочаран од партијата и од одлуките. Тој кажа дека тоа го покажал веднаш по поразот на изборите, кога си поднесе оставка од функцијата потпретседател.

„Делумно сум разочаран од политиките на СДСМ. Јас не бегам од тоа, прв си дадов оставка од потпретседател на партијата дента кога ги загубивме изборите.

Би се случила побрза реконструкција во партијата, но јас сега не сум во раководните структури, така што не можам да кажувам“, изјави Битиќи.

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top