Македонија

Перо Камиказа: Некои животите ги поарчија за Македонија, а непрокопсани лубеничари за пет гроша нè продадоа

Фронтменот на „Меморија“ за солунските атентатори од предвечерјето на Илинден 1903 наспроти среброљупците век подоцна

Фронтментот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски-Камиказа, повлече паралела меѓу солунските атентатори, кои со низа бомбашки напади во Солун во предвечерјето на Илинденското востание сакаа да го привлечат вниманието на европската јавност за македонското прашање, и тие што над еден век подоцна пробаа да го затворат спротивно на волјата на македонскиот народ.

„За вакви идоли и идеали ви говорам. Некои животите ги поарчија за да го свртат вниманието за Македонија! А вие непрокопсани среброљупци и лубеничари за 5 гроша нè продадовте ко на Ат пазар, топтан!!!

Едно сигурно знам, кога ќе го напуштите овоземскиот свет, голем дел од вас во најцрни маки, ќе им закачите таква пизма на вашите поколенија што илјадници сребреници нема да ги откупат вашите гревови. Токму тие, вашите потомци, ни криви ни должни, ќе ги плаќаат вашите долгови кон сопствениот народ со пекол кој не можете ни да го замислите!

П.С. За помладите: Ова се Солунските атентатори!“, напиша тој на Фејсбук над фотографијата со дел од десеттемина велешки гемиџии Јордан Поп-Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов и Цветко Трајков:

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

Мирка Гинова, симболoт на македонскиот идентитет и непокор во Егејска Македонија – 80 години од смртта

На денешен ден, на 26 јули 1946 година е стрелана Мирка Гинова, национален деец и борец за македонската кауза и слобода во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. „Мирка Гинова била многу активна во организирањето на отпорот против особено жестокиот терор врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, спроведуван од грчката десница и грчките државни органи. Секојдневно го организирала македонскиот народ. Со својата активност станала позната во цела Егејска Македонија, но и за грчката полиција, која поради тоа настојувала да ja убие.“ – пишуваат универзитетските професори-историчари д-р Лилјана Пановска и д-р Тодор Чепреганов во своја научна статија. Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Посмртно е прогласена како народен херој од Македонија.

To top