Македонија

Мицкоски: Цел ни е струја за 5 до 10 отсто поефтина за граѓаните, а на крајот на 2026 Македонија да стане и нето-извозник на струја!

Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го усогласи со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ со што би се обезбедила просечна цена на струјата за 5 до 10% поевтина од сегашната, најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување на обновливи извори на енергија и како можат да влијаат врз цената на електричната енергија. „Тоа ќе биде нешто што досега не се случило – да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, тоа е Сонцето, и во тој микс во текот на целата година да обезбедиме просечна цена на електричната енергија којашто, еве, јас сум умерен оптимист, би била 5 до 10% поевтина од сегашната. Но, ајде да видиме како сето тоа ќе го операционализираме“, рече Мицкоски.

Оваа или следната недела ЕВН Хоум и ЕСМ ќе имаат заеднички работен состанок.

„Така што ние сега практично ги подготвуваме сите индикатори за да можат тие на крајот од годината да го распишат огласот и веќе за следната година да обезбедиме, можеби еден од ретките случаи ќе биде во Европа, ако не и единствен, каде што граѓаните би добиле до 5%, а можеби и повеќе, пониска цена на електричната енергија. Тоа ќе биде нешто што досега не се случило – да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, тоа е Сонцето, и во тој микс во текот на целата година да обезбедиме просечна цена на електричната енергија којашто, еве, јас сум умерен оптимист, би била 5 до 10% поевтина од сегашната. Но, ајде да видиме како сето тоа ќе го операционализираме“, рече Мицкоски.

Премиерот подвлече дека цел на Владата е на крајот од оваа година по прв пат Македонија да биде нето извозник на струја и  мисли дека тоа ќе се постигне.

„Добро е што и државната ЕСМ се консолидира и во првиот квартал, или да бидам попрецизен, очекувам во првата половина од годината за првпат да имаме позитивни резултати, од оние 150 милиони евра загуба што ги наследивме, да имаме, мојата прогноза е меѓу 6-7 милиони евра добивка. Ќе видиме“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни месец 2024 година беа на некои 7 отсто, а денеска акумулациите се на 80% исполнетост.

„Сезоната за наводнување е започната овде во хидросистемот „Брегалница“, почнувајќи од Калиманци па сѐ до Лозово. Веќе два месеца трае, апсолутно нема никакви рестрикции, нема ограничувања. Сите корисници добиваат навремено вода. Тоа значи ќе имаме добар род, ќе имаме добра година. Приоритет по приоритет ги решаваме работите. За жал, две години се бориме со напластени проблеми во минатото, но тоа е што е“, рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

Премиерот најави за 5% до 10% пониски сметки за струја за граѓаните

Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Премиерот информира и дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни пред две години беа на 7%, сега се на 80% исполнетост.

ВМРО-ДПМНЕ води три спрема еден пред СДСМ и ДУИ!

Три спрема еден е предноста на објективниот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и ДУИ во очите на партиски неопределените граѓани. Тоа го покажуваат сумираните податоци од три анкети, што ги изнесе претседателот на партијата Христијан Мицкоски денеска.

ЕФА: Бугарија да се извини и да ги признае злосторствата врз илјадниците Македонци, поради изразувањето на македонскиот идентитет и противењето на бугаризацијата!

На годишното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) едногласно е усвоена декларација со која од Бугарија се бара формално извинување за злосторствата врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење, како и спроведување на 14-те случаи пред Европскиот суд за човекови права поврзани со регистрацијата на македонски организации во Бугарија, е наведено во извештајот на ЕФА. Тоа извинување, според ЕФА, треба да ги признае страдањата на илјадници Македонци кои биле тепани, присилно раселувани, понижувани, казнувани, затворани и убивани поради изразување на сопствениот етнички идентитет и поради спротивставување на бугарските политики на денационализација

Жена на диво наплаќа и до 20 евра за влез во кратовска „Куклица“, во спротивно дрско се заканува со оштетување на автомобилите!

Граѓани реагираат револтирано на социјалните мрежи дека извесна жена нелегално наплаќа влез за посета на локалитетот „Куклица“ во Кратовско, еден од најпознатите природни феномени во Македонија прогласен како споменик на културата.

To top