Македонија

Трипуновски до СДСМ околу барањето за отповик: Изнесувате политички празни измислици без аргументи, а оставивте пустош во земјоделството

Македонскиот аграр конечно се движи во вистинска насока. Крајно несериозно и парадоксално е да поднесувате интерпелација на министер кој ги поправа вашите катастрофални грешки и штети. Наместо да понудите решенија, конструктивна критика и визија, доставувате текст со празни фрази и евтин популизам, воден од теснопартиски интереси, потенцираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. „Немојте да изнесувате само политички флоскули дека нешто е катастрофално. Дворот беше премногу валкан и презадолжен – таква ситуација наследивме од вашите седум години власт. Да имавте барем малку доблест да работите домаќински и економски, денеска ќе беше многу поинаква ситуацијата!“ – им порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на пратениците од опозицијата, кои бараат негов отповик.

Трипуновски попладнево, од собраниската говорница, истакна дека денешната слика на македонското земјоделство е сосема поинаква од онаа во времето на претходниот министер.

– Денеска, за разлика од минатото, не гледаме како преспанските јаболка плутаат по Преспанско Езеро, не гледаме како струмичките зелки се тркалаат по улиците, не гледаме депонии со исфрлено овошје и зеленчук – тоа е извезено надвор од државата. Денеска не гледаме протести и сериозно незадоволство. Денеска имаме поинаква слика. Денеска имаме инвестиции во водостопанството, имаме отворени врати на Министерството за земјоделство, отворени нови подрачни единици, нови подрачни канцеларии, помала бирократија за поголема ефикасност. Тоа што во време на СДСМ беше зголемена бирократија, сега е обратен процес. Во делот на корупцијата, не знам дали еден од вас ќе најде храброст, ќе се одважи, ќе собере сила да пофали дека се бориме со корупцијата. Дали е некој сегашен, поранешен или иден функционер, има нулта толеранција за кршењето на законите. Мислам дека треба да прифатите дека тоа е реалност. Ние така ќе продолжиме – дали некој сегашен директор се огрешил или некој иден, секој ќе одговара пред законите. Наместо да пофалите, вие критикувате. Ако некој од претходните биде обвинет за некое дело, вие велите дека тоа е политички реваншизам. Тоа се двојни аршини. Треба да се одлучите – или сте за корупција и криминал или сте против тоа. Кажете јасно и гласно пред македонската јавност, нека знае. Ќе се борите против корупција или сакате да продолжи корупцијата во Македонија? Сите обвинувања што ги расфрлате како пердуви во јавноста, не се поддржани со аргументи, подвлече Трипуновски.

Според него, комуникацијата со земјоделците е секојдневна, а Министерството не било поотворено никогаш.

-Отворете го фејсбук профилот на претходниот министер. Тој нема одржано средби со земјоделските производители колку што јас имам одржано за два месеца. Нема крај што не сум го посетил. Ако толку сте убедени дека имате поддршка и дека толку Трипуновски лошо менаџира, одберете село, време и медиум што ќе го поканите, кажете каде сакате, ќе дојдам со вас. Да видиме како ќе поминете вие, а како ќе поминам јас. Ви давам отворена покана, рече Трипуновски.

Претходно, Јована Тренчевска од СДСМ во дискусијата по интерпелацијата, го нарече Трипуновски најнеспособниот министер и праша – колку скандали се потребни за да се понесе политичка одговорност.

-Денес треба да добиеме одговори дали Трипуновски ја оправдал довербата што ја добил, дали го реализирал ветеното и дали ресорот што го раководи има пропусти и скандали. Одговорот е дека ниту реализирал тоа што ветил, ниту ја оправдал довербата, а има и најмногу скандали – двајца директори на институции се уапсени под сомнежи за корупција и примање поткуп. Политичка одговорност мора да има. Кога беше именуван за министер, земјоделците слушаа дека доаѓа нова ера, дека ќе има зголемени субвенции, но по речиси две години имаме сектор што се соочува со огромни проблеми, фарми се затвораат, сточари се откажуваат од производството, млади не гледаат перспектива во земјоделството. Министерството повеќе се занимава со пропаганда, а состојбата во земјоделството е алармантна, истакна Тренчевска.

Според неа, земјоделците барат смена на Трипуновски поради, како што рече, „погрешните аграрни политики“.

-Од вашите ветувања останаа само билбордите, прес-конференциите и долгиот список на празни ветувања. Доцни исплатата на субвенциите, нема средби со МЗШВ за решавање на проблемите, откупните цени на житарките се уште не се познати. Ова го велат земјоделците. Ве болат фактите за криминалот, корупцијата, неспособноста и неисполнетите ветувања. Отидете во Струмица и соочете се со производителите на раноградинарски култури. Ќе одиме на терен, нема проблем, ние сме подготвени, му рече Тренчевска на министерот Трипуновски.

За реплика се јавија Емилија Ангелова, Дафина Стојаноска, Лидија Петковска и Петар Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ. Оценија дека интерпелацијата за Трипуновски е политички маневар за дефокусирање на јавноста.

-Наместо да поднесувате интерпелации од политичка немоќ, прво извините им се на македонски земјоделци за се што им направивте изминатите седум години. Кога ја слушам денешната интерпелација не знам дали да се смеам или да се чудам. Да не заборавиме кој беше на власт кога протестираа земјоделците, кој создаде систем во кој партиската книшка беше поважна од чесниот труд на земјоделците. Трипуновски не е предмет на интерпелацијата, туку ве боли тоа што почна да ги решава проблемите кои вие ги создадовте и што почна да создава ред каде што оставивте хаос. Оваа интерпелација е призннаие за успехот на министерот, ви пречи зашто резултатите се видливи, зашто секој решен проблем е потсетник на вашите промашувања. Седум години имавте власт, можност да покажете како се работи, но зад себе оставивте разчарани земјоделци. Смешни сте. Злоуптреби, долгови, празни каси, незадоволни земјоделци, сомнежи за сериозен клриминал и буџетски хаос е наследството што го остави СДСМ во земјоделството. Наспроти криминалите на Љупчо и СДСМ, Трипуновски покажа како се работи домаќински и транспарентно, го врати достоинството на македонскиот земјоделец. Македонскиот аграр конечно се движи во вистинска насока. Крајно несериозно и парадоксално е да поднесувате интерпелација на министер кој ги поправа вашите катастрофални грешки и штети. Наместо да понудите решенија, конструктивна критика и визија, доставувате текст со празни фрази и евтин популизам, воден од теснопартиски интереси, потенцираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно порачаа дека пари за земјоделството кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, секогаш имало и ќе има.

За интерпелацијата во Собранието на денешната 104. пленарна седница за збор се пријавени 32 пратеника. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ ќе тужи и до Стразбур

Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со штрајк.

Недозволиво е Законот за игри на среќа да се носи набрзина

На дневен ред на пленарна седница е ставен Предлог законот за игри на среќа во прво читање. Се засилува нашиот впечаток дека за некого брзината е поважна од суштината – рече Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Кога Македонија железнички ќе се поврзе со Бугарија?!

Интензивно се гради пругата Скопје – Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, изјави вицепремиерот и министер за градежништво Александар Николовски на обиколката на терен од изградбата на втората делница од пругата од Македонија кон Бугарија.

To top