Македонија

Гаши: Не можам да направам нешто што би било против македонскиот идентитет (ВИДЕО)

Сум растел, студирал и работам со Македонци и не можам да направам нешто за кое тие мислат дека им го загрозува идентитетот

Прашан за уставните измени во „Само интервју“ на Канал 5, собранискиот спикер Африм Гаши истакна дека растел, студирал и работи со Македонци и не може да направи нешто за кое тие би помислиле дека го загрозува нивниот идентитет.

„Позицијата на ВЛЕН и на сите пратеници Албанци е дека можеме да почнеме со уставни измени и да ги изгласаме уште денес, дека тоа би било добро за евроинтеграцијата. Но, секогаш сме имале на ум и кога беше спорот со Грција, и сега со Бугарија, за среќа и се радувам за тоа, албанските политички партии не сакаат тоа да го прават на сметка на загрозеноста на македонскиот идентитет. И тоа е многу добар елемент во нашата држава. Тоа треба да го храниме и да го промовираме. И јас мислам дека секогаш треба да бидеме внимателни со тоа. На мене ми е важно пред сè како живеам со моите соседи. Јас сум растел со Македонци, сум студирал заедно со нив, работам со нив и не можам да направам нешто што би било против нивниот идентитет и тие да мислат дека јас сум причината што им е загрозен идентитетот. Истото го очекувам и од нив. Ова е многу суштинска работа“, рече Гаши.

Најнови вести од: Македонија

МВР со акција за поголема безбедност во сообраќајот

Министерството најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а до сите учесници упати апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

To top