Спорт

Македонија на чекор до пласман во Втората светска група од Дејвис купот

Ивановски и Приходко изборија победа од 2:0 над Грузија и дуел со Црна Гора утре за промоција во повисок ранг

Тениската репрезентација на Македонија ја совлада Грузија со 2:0 и утре против Црна Гора ќе игра за промоција во повисок ранг од Дејвис купот, покрај Молдавија и Летонија од турнирот во Третата европска група во Кишињев.

Врз основа на досегашните настапи и на рејтинзите на играчите, избраниците на капитенот Горан Шевченко се фаворити за промоција во Втората светска група.

Калин Ивановски, кој по долгото отсуство поради повредата е 991. на АТП-листата во сингл, го донесе првиот поен против Грузијците со победата од 7-6 (2), 6-2 над Александре Бакши (645.) по 85 минути игра.

Уште подолго траеше вториот меч во поединечна конкуренција, во кој на Украинецот со македонски пасош Олег Приходко (379.) му требаа 2:13 часа за триумф со пресврт од 6-7 (4), 6-1, 6-3 против првиот грузиски рекет Саба Пурцелаѕе (446.).

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top