Спорт

БиХ поведе, на крајот ремизира со кодомаќинот Канада на мундијалот

Лукиќ ја доведе Босна и Херцеговина во водство во 21. минута, израмни Ларин во 78. минута

Босна и Херцеговина одигра нерешено 1:1 со еден од трите домаќини на Светското првенство во фудбал, Канада, на стартот во Торонто.

Јово Лукиќ ја доведе БиХ во водство со глава во 21. минута, а бод на Канаѓаните им донесе Кајл Ларин во 78. минута, кога по неговиот удар топката се одби од Никола Катиќ, го смени правецот и заврши зад грбот на голманот Никола Васиљ.

Соорганизаторот на мундијалот имаше стопроцентна шанса во 53. минута, но Сеад Колашинац ја сврте топката во пречката, а од таму таа се одби во поле. Во самиот финиш, пак, Ларин се најде во изгледна можност во непосредна близина на босанскиот гол, но неговиот удар го изблокираа двајца.

Во другиот натпревар од групата Б утревечер од 21 часот по средноевропско време ќе се сретнат Катар и Швајцарија.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

Најнови вести

To top