Спорт

Два гола на Елези и еден на Ристовски за Сараево

Во своето деби во босанската Премиерлига македонските репрезентативци донесоа 3:0 за домаќинот во ремито 4:4 со Радник Биелина

Македонските фудбалски репрезентативци Агон Елези и Стефан Ристовски постигнаа три од четирите голови на Сараево во ремито 4:4 со Радник од Биелина на својот стадион „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во второто коло од Премиерлигата на Босна и Херцеговина.

Играчот за врска Елези, кој дојде неодамна од хрватска Горица и потпиша тригодишен договор, беше двоен стрелец, погодувајќи во 16. и во 52. минута.

Потоа десниот бек Ристовски, кој дресот на Динамо Загреб го замени со тој на сараевчани исто така во средината на јули, обврзувајќи се на двегодишна верност, со „бомба“ од дваесетина метри зголеми на 3:0.

Но, по излегувањето од игра на Елези во 76. минута гостите направија целосен пресврт, пред домаќинот во финишот да спаси бод.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

Најнови вести

To top