Македонија

Сиљановска – Давкова се обидела со опозицијата да договори консензус за националните интереси

Обидот на претседателката сторен со добра намера не успеал

Националниот интерес е најважен. Ние да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе гледаа на нас и начинот на кој се однесуваат кон нас од надвор покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА.

– Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата – и сега не треба да се исклучува, нема демократија без опозиција – многу полесно ќе речевме: „Извинете, имаме задршка во поглед на ова решение, не е баш така. Мора да ги прашаме сите, да им откриеме“. Поинаку ќе гледаа на нас. Ама начинот на кој се однесуваа, се однесуваат кон нас од надвор, покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение. И, извинете, 36 амандмани, и сега нови. Решија нешто тие? – Не, додава претседателката.

Таа смета дека решението треба да доаѓа прво од дома и вели дека се обидела да воспостави контакт со опозицијата, бидејќи, како што рече, „не треба да одиме надвор без да се договориме дома“.

– Се обидов, верувајте ми, се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата, да објаснам дека ако сме едногласни дома, да не одиме, прво, надвор, без да се договориме дома. Второ, да научиме дека надвор не се кажува она што се кажува дома. Често го цитирам Хелмут Кол кога го прашуваа во Шпанија за проблемите со финансирањето на партиите, а тој рече: „Не можам јас овде да одговорам, дома кога ќе дојдам, да“. Ние многу сакаме да раскажуваме пред другите и многу се восхитуваме од комплиментите. Дури и кога сме свесни дека не ни личат, мислиме дека е така. И тогаш правиме некои нешта што не се добри. Не се добри воопшто, истакна претседателката.

На прашањето каква Македонија би сакале да видите на крајот од Вашиот мандат, Сиљановска – Давкова одговори дека сака да ја види внатре во ЕУ, но со извесност и да се знае дека врз основа на хармонизираноста – не само правна, туку и политичка, економска, реформска.. во секој момент може да се влезе.

– Да речам дека сакам да ја видам внатре во ЕУ, тоа е сега – 2026. Меѓутоа, ако не внатре – кога мислам внатре, мислам јас сум секогаш заговорник, да, треба да биде индивидуално зачленувањето, на заслуги, на мерит да биде, но мора да се води сметка и за регионалниот пристап, некој храбар чекор, каков што беше оној во 2004 година, ако сакаме многу полесно да ги решаваме проблемите во регионот. И затоа јас сакам… сакам да кажам – пред вратата, еве пред вратата кога мислам – завршени поглавјата, кластерите… Зошто да не, ќе речете: „Не ви личи, ова е утопија“. Видете колку бргу Албанија чекореше во отворањето и затворањето, а ако може Украина и Молдавија технички толку бргу да напредуваат, бидете сигурни дека ние можеме многу побргу. Значи, сакам извесност. Не велам дека ќе влеземе, но сакам да се знае дека врз основа на хармонизираноста – не само правна, туку и политичка, економска, реформска и така натаму – дека сте тука и дека во секој момент можете да влезете. Сама ниедна власт тоа нема да може да го направи, истакна претседателката Гордана Сиљановска во интервјуто за МИА.

Најнови вести од: Македонија

МојДДВ повторно достапен, граѓаните и жалеа на неколку-дневни прекини

Во изминатите денови, при обид за пристап до апликацијата, корисниците добиваа порака „Нема конекција до УЈП“, поради што не можеа да ги евидентираат фискалните сметки за поврат на ДДВ. Засега нема официјално соопштение од Управата за јавни приходи за причините за повеќедневниот прекин, ниту за тоа кога системот целосно ќе се стабилизира.

(Видео): Дата-центрите се иднината – Македонија нема да остане настрана од светските текови

Мицкоски потсети дека големи инвестиции во дата центри веќе се реализираат во Франција, Хрватска и САД, додавајќи дека Македонија има можност да стане дел од современата технолошка економија. Тој порача дека Владата ќе продолжи да работи на привлекување вакви инвестиции, а конечниот суд за политиките, како што нагласи, ќе го дадат граѓаните на избори.

Општина Илинден доби дом за стари лица, премиерот рече дека се подобрува квалитетот на живот на граѓаните

Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.

To top