Македонија

За бугарското МНР потпалувањето возила близу бугарската амбасада е „напад врз Бугарија и Бугарите“ и „последица на агресивниот политички говор и омразата во РСМ“?!

„На 15 јуни 2026 година напладне непознато лице запали два од дипломатските автомобили на Амбасадата на Бугарија во Скопјe, лоцирани пред официјалниот влез на мисијата. Овој последен напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, кој поттикнува омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, кои создаваат чувство на неказнивост за сторителите. Потсетуваме дека по последниот палеж во С.Македонија врз Бугарскиот културен клуб во градот Битола, наместо да добие соодветна казна, палежот беше хероизиран и беше вклучен во предизборна политичка кампања.“ – тврди Министерството за надворешни работи на Бугарија во своето денешно соопштение, кое го пренесе бугарската информативна агенција БГНЕС.

Натаму во соопштението се наведува: „Министерството за надворешни работи на Република Бугарија најостро го осудува овој демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животите на вработените во нашата Амбасада во Скопјe.“

„Без навремена интервенција на бугарскиот конзул со апарат за гаснење пожар, штетата од ова намерно палење можеше да биде значително поголема. Инсистираме на брза правда во случајот.

„Бугарската држава ќе продолжи да ги користи сите воспоставени механизми за да се спротивстави на обидите за создавање атмосфера на страв кај Бугарите во С.Македонија.“ – пренесе БГНЕС.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top