„Приказната дека САД му плаќаат на Иран 300 милиони долари е лажна вест“, тврди Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Иако ја спомена сумата од 300 милиони долари, остана нејасно дали ова е во спротивност со значително поголемата сума од 300 милијарди долари што ја споменаа други претставници на администрацијата и меѓународните медиуми.
Имено, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, појасни дека секој предложен фонд од 300 милијарди долари ќе биде финансиран од регионални сојузници, а не од американски даночни обврзници.
„Ниту еден цент од тие пари не доаѓа од Соединетите Американски Држави“, изјави Венс за NBC News.
Тој додаде дека арапските земји од Заливот би можеле да одлучат да инвестираат само ако Техеран ја направи својата економија „пријателска за инвестиции“ и почне да се однесува како „нормална земја“.
Висок американски функционер претходно потврди дека иако фондот од повеќе милијарди долари е дел од дипломатските разговори, секој финансиски напредок е строго „условен од достигнувањата“.
„Фајненшл тајмс“ исто така наведува дека воспоставувањето на фондот е условено од конечен договор, кој би вклучувал продолжување на прекинот на огнот за 60 дена и целосно повторно отворање на Ормутскиот теснец.
Еден од нашите главни принципи во овој процес е целосна транспарентност“, рече функционерот.
Иако администрацијата на Трамп досега откри одредени делови од планот, официјалниот текст на договорот сè уште не ја виде светлината на денот, и покрај тоа што двете страни дигитално го потпишаа во неделата.